Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руска компанија доби судска битка во Луксембург за блокираниот имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryshhsb2qasvt32nLR5vP
unplash

Административниот суд во Луксембург ја поништи одлуката на Министерството за финансии со која беше одбиено барањето за одблокирање хартии од вредност на руска компанија и нејзините клиенти, кои во моментот на одбивањето не биле опфатени со санкциите на Европската Унија.

— реклама —

Одлуката е донесена на 30 октомври, а судот оценил дека Министерството погрешно ги толкувало европските прописи што дозволуваат исполнување обврски од договори склучени пред воведувањето санкции, пренесува РБК Русија.

Руската компанија, чиј идентитет не е објавен, побарала враќање на сопствениот имот и средствата на своите клиенти, блокирани по воведувањето санкции на ЕУ против Националниот клириншки депозитар на Русија во јуни 2022 година.

— реклама —

Барањето за одблокирање било поднесено до Министерството за финансии на Луксембург во декември истата година, но било одбиено. Одлуката била потврдена и во септември 2023 година.

— реклама —

Луксембуршките власти сметале дека европските правила дозволуваат исплати врз основа на договори склучени пред санкциите, но не и пренос на хартии од вредност.

Судот, сепак, утврдил дека поимот плаќање во соодветната регулатива на ЕУ не се однесува само на парични трансакции, туку го опфаќа и враќањето на хартиите од вредност на нивните сопственици. Дополнително, компанијата и нејзините клиенти во моментот на одбивањето на барањето не се наоѓале на списокот со санкционирани субјекти на ЕУ.

— реклама —

Поради тоа, судот ја прогласил одлуката на Министерството за финансии за незаконска и ја поништил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања