Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Руска подморница „Новоросиск“ во опасност од експлозија во Средоземното Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
britanski-brod-crno-more
Илустрација

Руска подморница со нуклеарни способности наводно доживеала „сериозна несреќа“ во Средоземното Море, пренесуваат повеќе медиуми повикувајќи се на рускиот Телеграм-канал ВЧк-ОГПУ, кој е поврзуван со разузнавачките кругови во Москва.

— реклама —

Се работи за подморницата „Новоросиск“, долга 74 метри и дел од класата „Кило“, која вчера изронила над Гибралтарскиот теснец. Каналот тврди дека поради оштетување на горивниот систем, гориво почнало да се слева во внатрешноста на подморницата, создавајќи ризик од експлозија.

— реклама —

„Новоросиск, кој моментално е на борбена мисија во Средоземното Море, се соочува со сериозни технички проблеми. Поради дефект, горивото истекува директно во внатрешноста. На подморницата нема резервни делови ниту квалификувани експерти, а екипажот не може да го санира проблемот. Натрупаното гориво е експлозивна закана и единствена опција е да се испумпува во морето“, се наведува во објавата.

Ситуацијата веднаш беше споредена со трагедијата на подморницата „Курск“ од август 2000 година во Баренцово Море, кога експлозија усмрти 118 членови на екипажот.

— реклама —

„Новоросиск“ е пуштен во употреба во 2014 година и е дел од Црноморската флота, иако не се верува дека учествувал во инвазијата врз Украина. Се работи за дизел-електрична јуришна подморница со капацитет да остане под вода до 45 дена и екипаж од 52 луѓе. Таа има и можност за лансирање нуклеарни ракети „Калибр“.

Нејзината сестринска подморница „Ростов на Дон“ беше потопена во украински напад во август минатата година. „Новоросиск“ е под постојано следење од британската Кралска морнарица, а британскиот министер за одбрана Џон Хили потсети дека во ноември лани британска нуклеарна подморница била принудена да изрони покрај неа за да ја отстрани од својата патека.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 16 часа

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 22 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања