Промени тема
Контакт

Руската влада го одобри договорот со Србија за соработка во областа на вселената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryvacq4hh56i32f1MyoqE

Руската влада го одобри нацрт-договорот со Србија за соработка во истражувањето и користењето на вселената за мирољубиви цели, објавено е денеска на официјалната веб-страница на Сојузното собрание на Русија.

— реклама —

Документот предвидува соработка меѓу двете земји во различни области поврзани со вселената, вклучително и истражување на вселената, вселенска медицина, далечинско набљудување на Земјата, сателитски системи, вселенска метеорологија и други области, пренесува РИА Новости.

— реклама —

Двете страни планираат да создадат неопходни услови за лансирање и функционирање на вселенски летала, спроведување заеднички научни проекти, како и за размена на технологии, знаења и материјални ресурси.

— реклама —

Договорот се склучува за период од 10 години, со можност за автоматско продолжување за периоди од по пет години. Како што се наведува, за надлежен изведувач од руска страна е определена државната корпорација „Роскосмос“.

Како што пренесува официјалниот весник на Сојузното собрание на Руската Федерација, „Парламентарна газета“, Москва и Белград во април потпишале програма за економска соработка за периодот од 2026 до 2031 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Зеленски ја обвини Русија за прекршување на енергетското примирје најавено од Трамп

Свет | пред 2 часа

— реклама —
nafta-696x465-1

Москва повторно отвора извоз на дизел, првично ќе испорача 500.000 тони на светскиот пазар

Свет | пред 8 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: САД добиваат поевтин дизел, Русија полни буџет, а ЕУ воведува санкции

Свет | пред 1 ден

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија подготвена да испорача милиони тони дизел за САД

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања