Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Руски државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора се самоубил кога го опколила полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-librarycm088l2u8rmp8MesUBa
screenshot X

Руски државјанин осомничен за тројното убиство на стрелиштето „Чешка зброевка“ кај Даниловград извршил самоубиство откако полицијата го лоцирала и го опколила во шумата над Херцег Нови, објавија црногорските медиуми.

— реклама —

Михаил Шабуњин (30) бил пронајден во шумата над населбата Топла околу 3:35 часот. Според директорот на Полициската управа, Лазар Шќепановиќ, при обидот за апсење тој отворил оган кон полицајците, а потоа се застрелал во главата.

— реклама —

За тројното убиство Владата на Црна Гора прогласи два дена жалост – 1 и 2 септември.

— реклама —

Шабуњин е осомничен дека во понеделникот околу 16:45 часот со огнено оружје ги убил Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица, Момир Радоњиќ (67) од Даниловград и Немања Капор (20) од Подгорица, кои биле вработени на стрелиштето.

По нападот, тој го украл автомобилот на еден од убиените и избегал кон подгоричката населба Рогами. Оттаму, според досегашните информации, продолжил кон Херцег Нови со такси, каде што подоцна бил лоциран од полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора може до крајот на годината да ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања