Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руски војници за преговорите: Едни сакаат крај, други инсистираат на победа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
rusija

Иако е невозможно да се спроведат независни анкети меѓу активни воени лица, во редовите на руската армија се издвојуваат две доминантни расположенија, пишува BBC.

— реклама —

Војниците на првите линии на фронтот покажуваат јасни знаци на исцрпеност и фатализам.

— реклама —

„Чув дека многу се зборува за состанокот и можниот мировен договор. Расправи со убави графики, карти и стрелки, прекрасни презентации,“ вели еден војник за BBC. „Но искрено, мене не ми е гајле што ќе договорат. Јас и моите пријатели во рововите само сакаме сè ова да заврши.“

Поголемиот дел од војниците кои денес се борат во Украина биле цивили пред инвазијата во 2022 година. Некои потпишале договори со армијата привлечени од високите плати и бенефиции, а други биле мобилизирани со указот на Владата во септември истата година. Многумина се на боиштето со години, често без соодветна ротација, што довело до тешка физичка и психичка исцрпеност.

— реклама —

Има и војници кои јавно зборуваат под свое име и испраќаат поинаква порака. Иако го признаваат заморот, тие ја нагласуваат решеноста на Русија да се бори до „конечна победа“.

— реклама —

„Горчливо сме лути и длабоко страдаме гледајќи ги монструозните грешки и загуби што можеа да се избегнат, се обидуваме сè да поправиме и да живееме и покрај неправдата,“ вели Никита Третјаков, поранешен новинар кој сега е падобранец. „Но во суштина се приклучивме на овој војна за да ја завршиме со победа – не да ја одложуваме или да ја оставиме во наследство на нашите деца.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 9 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 18 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања