Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, ќе ја прошири истрагата за рекетот кој го земале Боки 13 и Зоки Кичеец. Според последните информации, опфатени ќе се и двајца пратеници од редовите на СДСМ, за кои Геровски пишуваше дека му помагале на Боки 13 да изнуди рекет. Во приказните на Геровски тие беа со севдонимите „Фрики“ и „Кики“.
Во исто време, се прибираат информации за тоа како специјалната обвинителка Катица Јанева им помагала на Боки 13 и Кичеец при прибирањето на рекетот. Вчера, полицијата и го одзеде телефонот. Рускоска соопшти дека засега таа не се гони, но, истрагата ќе се проширува.