Промени тема
Контакт

Русковска: Зборував со сопственикот на превозната фирма, тој е тука на местото на несреќата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ruskovska

лавниот јавен обвинител Љубомир Јовески, заедно со шефицата на Одделот за организиран криминал се на местото на сообраќајната несреќа во Бугарија со цел да им помогнат на бугарските истражители и да обезбедат потребни документи од земјава.

– Станува збор за голема трагедија, особено кога се загинати 12 деца. Јас сум задоволен од досегашната соработка со Обвинителството во Бугарија. Долги години имаме професионална соработка и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето, кажа Јовески.

— реклама —
— реклама —

Одговарајќи на новинарските прашања, бугарските обвинители истакнаа дека работат на сите верзии, а во моментов се земаат изјави од сведоци кои се нашле на местото на настанот. Бугарскиот обвинител додаде дека имало и втор возач, но се претпоставува дека и тој е загинат.

— реклама —

Тие открија дека во Северна Македонија нема да се спроведува дополнителна истрага, а сите експерти ќе бидат обезбедени од бугарска страна. Од друга страна шефицата на Одделот за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека сопственикот на превозната фирма се наоѓа на местото на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања