Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Рутинска интервенција на крајници со фатален крај за четири годишно девојче: мајката на Ема од Чачак со тешки сомнежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryn2rhjaurb6se30vobWj

Четиригодишното девојче Ема М. почина по операција на третиот крајник во болница во Чачак, а трагичниот исход на интервенцијата што важи за рутинска, ја потресе јавноста во Србија. Точната причина за смртта на детето ќе биде позната по завршување на обдукцијата, која е побарана од семејството.

— реклама —

Сања, мајката на Ема, вели дека нејзината ќерка немала никакви здравствени проблеми, освен зголемени крајници, и дека во болница влегле со уверување дека станува збор за едноставна и безбедна интервенција. Наместо тоа, како што раскажува, следеле часови на неизвесност и страв.

— реклама —

Според нејзините зборови, по операцијата една од медицинските сестри ѝ соопштила дека интервенцијата е завршена и дека детето се буди, но потоа повторно влегла во операционата сала и таму останала со часови. Кога излегла, ѝ рекла дека не знае што точно се случува, дека состојбата е тешка и дека се моли детето да преживее. Подоцна, хирургот изјавил дека операцијата поминала добро, но дека при будењето било утврдено крварење во белите дробови.

Мајката наведува дека ѝ било кажано дека во тубусот се појавила крв и дека детето мора итно да се транспортира во Белград, но дека никој јасно не ѝ објаснил што точно се случувало во салата. Таа изразува сомнеж дека можеби дошло до повреда при повторното поставување на тубусот, посочувајќи дека детето претходно било целосно здраво. До обезбедувањето транспорт, како што вели, поминало долго време, а во Белград, Ема пристигнала со исклучително низок крвен притисок.

— реклама —

Сања истакнува дека лекарите во Белград направиле сѐ што било во нивна моќ, но дека семејството се сомнева оти пропустот се случил во болницата во Чачак. Обдукцијата е извршена на барање на родителите и на Институтот за мајка и дете, со цел да се утврди вистината.

— реклама —

„Најважно е да знаеме зошто го изгубивме нашето дете“, вели мајката, додавајќи дека без одговори и јасни факти, болката и сомнежите ќе останат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања