Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата, тврди Царовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
carovska

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во гостување во Дневникот на телевизија „Сител“ изјави дека сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава и дека учениците ќе продолжат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврдило и Министерството за здравство во својот извештај, за кој дискутирале и на Главниот координативен штаб.

— реклама —

„Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски. Многу е значајно медиумите и граѓаните и сите ние кои известуваме или имаме можност да известуваме за податоци да се држиме за она што го кажуваат надлежните институции и да го пренесуваме доследно како што е кажано без да се шири паника помеѓу граѓаните затоа што во моментот такво нешто не е потребно. Затоа што истовремена изолација на 25 или 10 ученици не значи дека сите се позитивни на Ковид-19“, изјави Царовска.

— реклама —
— реклама —

Таа посочи дека состојбата со Ковид-19 во училиштата се следи на дневно ниво, а Министерството за образование и наука е во постојана координација и комуникација со надлежните здравствени власти и со епидемиолошките служби како и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој редовно ги посетува училиштата и потврдува доследно почитување на мерките за заштита.

Царовска изјави и дека образовниот систем уште од јуни е подготвен со три резервни сценарија кои би се применувале доколку има потреба од нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања