Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД бараат од Иран целосен увид во нуклеарните резерви и постројки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

Соединетите Американски Држави до Обединетите нации им доставија нацрт-резолуција со која од Иран се бара да обезбеди целосни информации за своите нуклеарни постројки и залихите на збогатен ураниум, како и да овозможи итен пристап за инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

— реклама —

Според информациите објавени од агенцијата Ројтерс, која има увид во документот, во предлогот се наведува дека Иран треба да достави прецизни податоци за нуклеарниот материјал и за заштитените нуклеарни објекти во земјата.

— реклама —

Во резолуцијата се бара и Техеран без одлагање да ѝ овозможи на МААЕ пристап неопходен за проверка на сите доставени информации.

Во меѓувреме, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ја обвини МААЕ за политизација на надзорот врз иранската нуклеарна програма.

— реклама —

Тој оцени дека агенцијата не реагира соодветно на американските и израелските напади врз иранските нуклеарни објекти и го критикуваше генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за неговиот пристап кон ова прашање.

Новата иницијатива на Вашингтон доаѓа во период на зголемени тензии околу иранската нуклеарна програма и засилени меѓународни напори за поголем надзор врз нуклеарните активности на Техеран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 18 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања