Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

САД го продолжуваат изземањето од санкции за руската нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
SeKXr-

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ќе го продолжи за дополнителни 30 дена изземањето од санкции за руската нафта што се транспортира по морски пат.

— реклама —

Според извор запознаен со одлуката, продолжувањето било одобрено откако повеќе држави побарале дополнително време за набавка на овој енергенс.

— реклама —

Агенцијата наведува дека барањето го поднеле посиромашни и енергетски загрозени земји, кои останале без испораки на нафта од Персискиот Залив поради конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, како и затворањето на Ормутскиот теснец.

Американското Министерство за финансии првпат го воведе ова изземање во март, со цел да се ублажат нарушувањата на пазарот и растот на цените на нафтата предизвикани од кризата на Блискиот Исток, овозможувајќи пласман на руската нафта што била блокирана поради санкциите.

— реклама —

Ројтерс наведува дека мерката не довела до значително намалување на цената на нафтата, но им помогнала на земји како Индија, која претходно беше меѓу најголемите купувачи на руска нафта.

— реклама —

Цената на суровата нафта од типот „брент“ денеска порасна за околу 1,5 проценти и достигна приближно 111 долари за барел, поради стравувањата за глобалното снабдување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 1 ден

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп по изборниот пораз на републиканците: Ќе се вратиме посилни од кога било

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања