Промени тема
Контакт

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон тврди дека одговара на напади врз трговски бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarym0nf1nhn69vu6ElnUeo

Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз Иран, при што биле погодени повеќе локации, вклучително и воена инфраструктура за надзор, соопшти Централната команда на американската војска (CENTCOM).

— реклама —

Во соопштението објавено на платформата Икс се наведува дека силите на CENTCOM ги извеле нападите како директен одговор на, како што се наведува, „континуираната иранска агресија врз комерцијални бродови“.

— реклама —

Американската команда истакна дека по воздушните напади извршени во петокот, кои биле одговор на иранскиот напад врз трговскиот брод „Евер Лавли“, на Техеран му била дадена можност да го почитува договорот за прекин на огнот.

Сепак, според CENTCOM, Иран не го испочитувал договорот, откако иранските сили во саботата наутро лансирале дрон кој го погодил трговскиот брод „Кику“.

— реклама —

Засега нема информации за евентуални жртви или за обемот на материјалната штета предизвикана од најновите американски напади.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 4 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 5 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања