Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД извршија нови напади врз ирански воени цели кај Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Американската војска изврши нови напади врз ирански воени цели во близина на Ормускиот Теснец, јавуваат американски и ирански медиуми.

— реклама —

Според новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на американски претставник, цел на нападите биле ракетни и противвоздушни системи, како и помали пловила што ѝ припаѓаат на Иранската револуционерна гарда.

— реклама —

Нападите биле изведени на повеќе локации долж стратешкиот поморски премин, околу еден час пред информацијата да биде објавена.

Иранските медиуми јавија за нови експлозии на јужниот брег на земјата, во близина на Ормускиот Теснец. Според агенцијата „Тасним“, детонации биле регистрирани во пристанишниот град Бандар Абас и во близина на островот Кешм во Персискиот Залив.

— реклама —

Државната агенција ИРНА објави дека станува збор за „непријателски напади“ и наведе дека експлозиите биле слушнати во повеќе делови на Бандар Абас, каде што се наоѓаат воени објекти.

Во меѓувреме, провладината агенција „Мехр“ соопшти дека во Кешм загинал директорот на телекомуникациите на покраината Хормозган, додека уште две лица се повредени. Засега не е познато кога точно настрадал, а според медиумите, тој бил испратен на островот за поправка на телекомуникациската инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 28 минути

— реклама —
media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 11 час

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања