Промени тема
Контакт

САД ја прекинаа кинеската хакерска операција: На мета биле НАСА, Сенатот и други институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ
фото: unsplash

Американските власти соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција преку која биле извршени упади во системите на Министерството за правда, НАСА, Федералните резерви, Сенатот и други владини институции.

— реклама —

Министерството за правда соопшти дека ги запленило домените користени од две хакерски платформи, „QScan“ и „QTRouter“, кои, според американските власти, биле дел од поширока сајбер-кампања.

— реклама —

Меѓу целите биле и Министерството за енергетика, Министерството за здравство, Националните институти за здравство, како и четири неименувани компании од САД и од Јужна Кореја.

Од американското Министерство за правда тврдат дека платформите ги управувала кинеската компанија Nanjing Xinjiuwei Network Technology, чии клиенти, според нив, биле кинеското Министерство за државна безбедност и кинеската армија.

— реклама —

Американските власти тврдат дека инфраструктурата била користена за напади врз клучни системи во САД и во други земји од најмалку 2018 година.

Кинеската амбасада во Вашингтон не дала веднаш коментар. Пекинг вообичаено ги отфрла обвинувањата дека стои зад хакерските напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library113jvr83mdmb3nKnAch

(Видео) По ураганот кој ги погоди Флорида и Алабама, властите предупредуваат на нова опасност

Свет | пред 6 часа

— реклама —
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

„Смртната казна е неприфатлива“: Папата Лав со порака по најавата на Пентагон

Свет | пред 19 часа

media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

(Видео) Девет загинати во пукање во САД, полицијата потврди што се случило со напаѓачот

Свет | пред 20 часа

media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Американката осудена на смртна казна вратена во затвор откако го преживеа обидот за погубување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања