Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

САД кратат дел од воената помош за Македонија, средствата ги пренасочуваат кон Латинска Америка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Соединетите Американски Држави ќе пренасочат дел од воената финансиска помош што досега била предвидена за Македонија и уште три држави, во рамките на новата политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за поголем фокус кон земјите од Западната хемисфера.

Американскиот Стејт департмент го известил Конгресот дека вкупно 52 милиони долари од програмата за странско воено финансирање, наменети за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак, ќе бидат пренасочени кон Панама, Перу, Еквадор и Колумбија, објави „Асошиејтед прес“.

— реклама —

Засега не е познато колкав дел од овие 52 милиони долари бил предвиден конкретно за Македонија, ниту колку средства ќе бидат намалени за земјава.

— реклама —

Од Стејт департментот нагласуваат дека одлуката не значи целосно укинување на американското воено финансирање за четирите држави. Сепак, точниот износ што ќе им остане на располагање по новата распределба сè уште не е објавен.

Македонија и Словачка се членки на НАТО, а одлуката доаѓа во период кога администрацијата на Трамп ги повикува европските сојузници да издвојуваат повеќе средства за сопствената одбрана.

— реклама —

Поголем дел од пренасочените средства сега ќе биде насочен кон Централна и Јужна Америка. Според американската администрација, финансирањето треба да помогне во борбата против трговијата со дрога, обезбедувањето на Панамскиот Канал и спречувањето на зголемено стратешко присуство на други држави во регионот.

— реклама —

Одлуката следува по посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Колумбија, Еквадор и Перу, каде што најави дополнителна американска поддршка за овие земји.

Програмата за странско воено финансирање им овозможува на партнерските држави со средства од американскиот буџет да набавуваат воена опрема и услуги од американски компании.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

Најмалку осум загинати во серија пукотници во САД за време на Ноќта на вештерките

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Како изборите во САД можат да ја променат американската поддршка за Украина?

Свет | пред 9 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 1 ден

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања