Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД одобрија можна продажба на противвоздушна одбрана за Украина вредна 2,7 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

САД одобрија можна продажба на противвоздушна одбранбена опрема за Украина во вредност од 2,68 милијарди долари. Пакетот би опфаќал ракети, радари за откривање беспилотни летала и друга воена опрема, соопшти американскиот Стејт департмент.

— реклама —

Според соопштението, доколку продажбата биде реализирана, Украина ќе ја финансира набавката со комбинација од средства обезбедени од европските земји и средства од американската програма за странско воено финансирање, доделени за време на претходната администрација.

— реклама —

Вкупната проценета вредност на договорот изнесува 2,68 милијарди долари, а планираната продажба допрва треба да помине низ дополнителна процедура.

— реклама —

Украина подолг период бара дополнителна воена помош за зајакнување на противвоздушната одбрана и заштита од руските напади. Во изминатите недели Русија продолжи со интензивни напади врз Киев.

Пред два дена, руските сили повторно го нападнаа украинскиот главен град со балистички ракети. Според тогашните информации, кон Киев биле истрелани околу шест пренаменети противбродски ракети „Циркон“, при што биле повредени најмалку 11 лица. Оштетени биле станбени и деловни објекти, како и магацин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 1 ден

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 3 дена

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања