Промени тема
Контакт

САД отворија нов бран напади врз Иран, погодени десетици воени цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
SeKXr-

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително ескалираа откако американските сили изведоа серија напади врз повеќе воени цели во Иран, како одговор на нападите врз три комерцијални танкери во Ормускиот теснец.

Според Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ), во операцијата биле погодени повеќе од 80 цели, меѓу кои над 60 пловни објекти на Иранската револуционерна гарда, како и ракетни позиции и командни центри.

— реклама —

„Акцијата е одговор на нападите врз цивилни трговски бродови што пловеа по меѓународен поморски коридор. Освен пловилата, уништени се и локации за лансирање ракети и командни објекти“, соопшти ЦЕНТКОМ.

— реклама —

Иранските медиуми објавија дека мета на американските напади биле островот Кешм, како и подрачјата Бандар Абас и Сирик, каде што, според нив, има повредени лица.

Иако Техеран официјално не ја презеде одговорноста за нападите врз танкерите, Катар и Саудиска Арабија го обвинија Иран дека стои зад инцидентите во Ормускиот теснец.

— реклама —

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека како одговор извршила ракетни напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин.

— реклама —

Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди американските акции, оценувајќи дека Вашингтон грубо го прекршил меморандумот за разбирање потпишан минатиот месец и најави дека Иран ќе одговори со „решителни мерки“.

Во пресрет на нападите, американските власти ја поништија одлуката за привремено олеснување на нафтените санкции кон Иран, која беше дел од претходниот договор меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 5 часа

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

До 10.000 американски војници се упатуваат кон Блискиот Исток, Трамп разгледува нови потези кон Иран

Свет | пред 13 часа

media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Осуденичка преживеала егзекуција во САД, останала жива и по две дози смртоносна инјекција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања