Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД: Подготвени сме за нови напади, но во моментов приоритет е дипломатијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

И покрај засилените воени подготовки, САД во моментов ѝ даваат предност на дипломатијата во обид да се намалат тензиите со Иран, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставници.

— реклама —

Според американски функционер, Вашингтон применува стратегија на ограничени воени удари, по кои следува привремена пауза, со цел да се избегне понатамошна ескалација и да се создаде простор за дипломатско решение. Истовремено, САД и понатаму располагаат со список на потенцијални цели, кој служи како средство за притисок.

— реклама —

Неколку американски претставници изјавиле дека постојат подготовки за можни нови напади доколку тоа стане неопходно, но дека во оваа фаза е донесена одлука приоритет да имаат дипломатските активности.

Во меѓувреме, на американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ во Арапското Море, екипажите ги подготвуваат борбените авиони, а пилотите спроведуваат вежби за евентуални борбени мисии.

— реклама —

Командантот на носачот ги информирал членовите на екипажот дека безбедносната состојба во регионот се влошува и нагласил дека е неопходно да се одржува највисоко ниво на борбена готовност.

Американските претставници, исто така, ги отфрлија тврдењата на Иран дека САД веќе извеле нови воздушни напади во текот на ноќта, оценувајќи ги како неточни. Сепак, тие предупредија дека ситуацијата останува променлива и дека, доколку околностите го наложат тоа, нови воени операции не се исклучени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 31 минута

— реклама —
media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 11 час

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања