Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Американската амбасада во Киев предупредува на можен воздушен напад врз Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryd79hq9jqkdl11Ro2aV9

Американската амбасада во Киев издаде предупредување за можност од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Во соопштението што денеска го објави Амбасадата на САД во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите региони во земјата. Според американските власти, добиени се информации за можен силен воздушен удар кој би можел да се случи во било кој момент во следните неколку дена.

— реклама —

Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во периоди на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки информации за можни напади од руската војска.

— реклама —

Предупредувањето доаѓа во време кога Украина со недели се соочува со интензивни ракетни и дронски напади врз енергетската инфраструктура и градовите низ целата земја. Властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со нови бранови масовни удари.

Зеленски: Можно е голем руски напад во текот на ноќта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така предупреди на можен голем руски напад врз Украина во текот на ноќта. Во своето редовно видеообраќање, тој ги повика граѓаните на максимална претпазливост и строго почитување на воздушните тревоги.

„Постојат информации дека вечерва може да следи нов голем руски удар. Многу е важно да се обрне внимание на предупредувањата за воздушни напади и навремено да се оди во засолништа“, порача Зеленски.

Предупредувањето доаѓа во период кога Украина се соочува и со тешки временски услови, за кои, според Зеленски, Русија се обидува да ги искористи. „Русите се доследни – се обидуваат да ги искористат временските услови. Ѝ наложив на владата да им помогне на локалните власти и да обезбеди максимална поддршка за сите вклучени“, изјави тој.

Зеленски додаде дека временските услови значително се влошиле низ целата земја, предизвикувајќи бројни проблеми на патиштата и со комуналните мрежи. Поради тоа, најави и посебни мерки. „Ова практично е вонредна состојба за сите служби. Со премиерот се договоривме владата да подготви одлука со која, за време на овие временски услови во наредните денови, некритичните институции и обичните канцеларии ќе можат да им овозможат на вработените да останат дома“, објасни тој.

Тешка состојба со снабдувањето со електрична енергија

Претседателот информираше и за исклучително тешката состојба со снабдувањето со електрична енергија во Дњепропетровската и Запорошката област, по руските напади врз енергетската инфраструктура.

„Во Запорошката област, планираното снабдување со електрична енергија беше обновено во текот на денот. Днипро, Криви Рих, Никопол, Павлоград и други градови и општини во Дњепропетровската област сè уште се во процес на санација“, изјави Зеленски, но и потврди дека имало нови напади.

„За жал, денеска имаше нови удари, особено врз енергетскиот и цивилниот сектор, како и врз станбени згради во Криви Рих“, заклучи украинскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo6ron4utfflg0FlWUjD

Украински дронови погодиле танкер и нафтено складиште во јужна Русија

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски по инцидентот во Романија: Украина е подготвена да помогне на секој можен начин

Свет | пред 1 ден

media-library960tfhs83d8r1d55oWj

(Видео) Украински дронови погодија индустриски објекти низ Русија

Свет | пред 1 ден

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Киев ги отфрли тврдењата дека САД ја евакуирале амбасадата во Украина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања