Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

САД преговараат со Украина за заедничко производство на ракети „Патриот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Соединетите Американски Држави водат преговори со Украина и европските партнери за заедничко производство на ракети за системите „Патриот“, но договор најверојатно нема да биде постигнат пред почетокот на зимата.

— реклама —

Ова го изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, кој посочи дека Вашингтон разгледува можности за соработка со Украина и европските сојузници со цел да се зајакне одбранбената индустриска база.

— реклама —

Според него, разговорите продолжиле по средбата меѓу американската и украинската делегација во Турција, а потоа биле одржани дополнителни состаноци во Киев и со компании што располагаат со потребната технологија.

Витакер нагласи дека моментален приоритет е што побрзо да се испорачаат системи за противвоздушна одбрана во Украина пред претстојната зима.

— реклама —

„Долгорочниот договор за производство на ракети-пресретнувачи за ‘Патриот’ нема да биде готов до зимата. Ќе продолжиме да работиме на тоа“, изјави тој.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека САД би можеле да ѝ одобрат на Украина лиценца за производство на системите „Патриот“, но подоцна изјави дека конечната одлука сè уште не е донесена и дека Вашингтон мора да биде „многу внимателен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања