„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сајбер-криминалците украле криптовалути вредни рекордни 2,7 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
kriptovaluti1-696x464-1

Сајбер-криминалците годинава украле криптовалути во вкупна вредност од рекордни 2,7 милијарди американски долари, покажуваат податоците на компании специјализирани за следење на блокчејн-трансакции, меѓу кои „Чејналисис“ (Chainalysis) и TRM Labs, како и базата REKT која ги евидентира кражбите поврзани со web3 и DeFi-проекти.

— реклама —

Ова претставува значителен раст во однос на претходните години, кога во 2024 година беа украдени околу 2,2 милијарди долари, а во 2023 година приближно две милијарди долари. Податоците укажуваат на континуиран пораст на сајбер-нападите врз крипто-платформи и дигитални паричници, како и на сè поголема софистицираност на хакерските групи.

Најголемата поединечна кражба оваа година е регистрирана на крипто-берзата „Бајбит“, од каде што напаѓачите успеале да одземат околу 1,4 милијарди долари во дигитални средства. Според пренесените информации, за оваа масовна кражба се сомничат хакерски групи поврзани со владата на Северна Кореја, наведува технолошкиот портал „Тек Кранч“.

— реклама —

Експертите предупредуваат дека ваквите напади претставуваат сериозна закана за довербата во крипто-пазарот и дека без дополнителни безбедносни мерки и меѓународна соработка, ризикот од слични инциденти ќе продолжи да расте.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kriptovaluti1-696x464-1

Крипто-пазарите нагло оживеаја: Биткоин повторно над 90.000 долари, институциите се враќаат во игра

Свет | пред 4 седмици

kriptovaluti

Мицкоски најави регулатива за криптовалутите, дигитален денар

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања