Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сајкоски: На конгресот ќе се донесе и Доктрина со која ќе биде платформа на идните делувања на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Sajkoski-12.12

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи 17-тиот редовен Конгрес. На Конгресот ќе земат учество и поканети се 517 делегати. До Конгресот има доставено една кандидатура од страна на проф. д-р. Христијан Мицкоски, досегашниот претседател на партијата, вели Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и акт, политички документ, доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

По изборот на претседател на Конгресот ќе биде избрана и статутарна комисија и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од овој Конгрес веруваме и сигурни сме дека излеземе уште пообединети, уште посилни и ќе донесеме нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

— реклама —

Ние гледаме дека изминатиов период државата е во тешка економска, социјална и здравствена, но и енергетска криза којашто оди на штета на граѓаните. И покрај тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ние ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија подобра држава за живеење.

— реклама —

Во самата доктрина имаме понудено, прва тема е тоа како да останат граѓаните на Македонија тука во нашата држава, да работат, да не заминуваат во странство и да можат да ја гледаат својата иднина тука“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања