На сите ученици и наставници, им посакум многу успеси во воспитно - образовниот процес, а најмногу им посакувам добро здравје во овие вонредни услови и состојба на пандемија која за жал сеуште трае, вели министерот за образование.
„На денешната посетата на ООУ „Конгреси и Манастирит“,на учениците и наставниците им посакав успешен почеток на второто полугодие. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести и препораките на УНИЦЕФ како најголема светска организација која работи на заштита и унапредување на правата на децата, Владата и МОН донесоа одлука второто полугодие да започне со одложен старт од 2 недели и со физичко присуство на сите ученици според утврдените и донесени протоколи.
Како министерство апелираме на доследно почитување на сите мерки кои се дел од здравствените протоколи - носење маски, одржување лична хигиена преку миење раце, држење дистанца и така натаму, за да ја задржиме наставата со физичко присуство колку што е можно повеќе, бидејќи реално дава најголема ефективност по однос на знаењето на учениците и на создавањето квалитетни генерации.
Денеска, второто полугодие од учебната 2021/2022 година, започна за околу 255 илјади ученици - 185 илјади во основните и 70 илјади во средните училишта. Посакувам успешен почеток за сите“, додава тој.