Според податоците што ги добиваме на дневна база пандемијата кај нас, зборувам за нашата држава дека дава знаци на стивнување, вели новиот министер за здравство Беким Сали.
„Секој ден имаме намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани пациенти. Ја следиме епидемиолошката состојба кај децата. Според нашите сознанија нема да има потреба од онлајн учење во моментов, во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече Сали.