Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Тендерот за Универзална сала може пак да се поништи, избран изведувач ама има жалба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
univerzalna-sala-12.06.2020

Министерот за култура Зоран Љутков денеска изјави дека евалуацијата на документацијата за изградбата на Универзална сала е завршена и дека донеле одлуката за избор на изведувач.

— реклама —

Чекавме 10 дена претпоследниот ден се појави жалба, во однос на одлуката, и сега чекаме второстепената комисија за жалби да се произнесе во однос на таа жалба. Како што знаете, претходниот пат падна тендерот, овој пат се надевам дека тоа нема да се случи. Иако се биде во ред, не знам на која седница на второстепената комисија за жалби ќе се донесе одлуката, но штом се донесе одлуката, веднаш пристапуваме кон потпишување на договорот и почеток на реконструкцијата, бидејќи што знаете, и средствата се обезбедени за изградба на Универзална сала.

Љутков додаде дека се надевале на повеќе кандидати за изградба на Универзална сала, но се пријавиле самои двајца понудувачи.

Ние се надевавме дека ќе има повеќе кандидати за изградба на универзална сала, но сепак имаше само двајца понудувачи, од кои што на едниот, како што одлучи комисијата, еве да не бидам погрешно сфатен, дека лиценцата после пожарот во Кочани на одредени изведувачи лиценците им беа дали одземени, дали привремено одземени, но таа ни ги исполнуваше условите. Само една компанија ги исполнуваше условите и донесовме одлука таа да биде изведувач на Универзална сала. Дали ќе се случи повторно од комисијата за жалби, повторно да се поништи тендерот, тоа јас не можам да знам“, вели Љутков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytiajqi12c016aTXVS0w

Љутков: Тврдењата за злоупотреба на службената положба се неосновани и неточни, синдикатот бара незаконска пресметка на платите

Македонија | пред 7 часа

media-libraryov607qbpgij3cdOaxb1

Левица: Министерот Љутков е отсутен и незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања