Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Само ефикасна истрага ќе докаже дека функционира правната држава, вели Народниот правобранител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot_8

Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.

„Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број семејства“, се вели во соопштението испратено од таму.

— реклама —

Народниот правобранител изразува сочувство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо закрепнување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.

— реклама —

„Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа државата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски“, потенцира Народниот правобранител.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања