Само лажат против коридорите, ништо нема да промени ВМРО-ДПМНЕ, исто како и досега, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Бидејќи им пропаднаа старите, ВМРО-ДПМНЕ постојано пласира нови лажни вести, вели СДСМ

— реклама —

„Издишува хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д.

— реклама —

Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

— реклама —

Исто како што лажеше за Европскиот предлог, исто како што лажеше за енергетскиот сектор и справувањето со економската криза, така денес ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и за коридорите 8 и 10Д.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да промени, но може да донесе штета и со своите блокади да го продолжува рокот за завршување на изградба на коридорите, повторно штета на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања