Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се вели дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.
„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа„, напша синот на Марина.
/laca-marina-sahrana-830x0-1-620x1115-1-534x960" rel="attachment wp-att-139664">