Утре, на вториот круг од локалните избори, на гласачките ливчиња ќе има само три жени.
Ќе се гласа во 33 општини.
Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки има во Македонска Каменица, Неготино и во Демир Капија.
Во првиот круг на локалните избори 2025 беше избрана само една градоначалничка што од
вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг е 2.2 проценти родова застапеност.
На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.
Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.
Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.
Во голем дел од општините жените воопшто ги немаше на гласачките ливчиња.