Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
4-1

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денес во Загреб учествува на министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот форум кој е централно-европска владина платформа за

мултилатерален дијалог и соработка за прашања во врска со внатрешната безбедност во која Македонија е дел од групата пријатели на оваа платформа.

— реклама —

Министерот Тошковски се обрати на сесијата „Прекугранична соработка во справувањето со нелегалната миграција и организираниот криминал“ во која потенцираше дека со заедничката соработка преку мисијата Фронтекс досега е постигнато подобрена контрола на нелегални мигрантските рути, зајакнат капацитет за борба против прекуграничниот криминал и зголемен капацитет на македонските гранични операции да бидат поблиску до стандардите на ЕУ.

„Користејќи ја помошта од Европската унија, ја зајакнавме граничната инфраструктура, ги подобривме нашите системи за азил и добивме поддршка во операциите против шверцот и спречувањето на трговијата со луѓе. Придонесуваме кон регионалната стабилност со воспоставување на подобрена гранична безбедност. Постигнавме намалување на нерегуларната миграција. Интензитетот на нелегалните обиди за преминување на границата е намален од почетокот на 2025 година. Во периодот од 1 јануари до 12 јуни 2025 година, спречени се вкупно 1.956 обиди, што во споредба со истиот период во 2024 година претставува намалување за триесет проценти.“, издвои како дел од успесите на ова поле министерот Тошковски.

— реклама —

Министерот Тошковсски дефинираше и неколку места за подобрување на соработката кои ќе донесат подобри резултати како олеснување на брзата размена на податоци, континуирана размена на разузнавачки податоци со цел ефективни истраги против меѓународните криминални групи, заеднички програми за обуки на лица и развој на електронски алатки и истражни методологии вклучително и разузнавање од отворени извори со цел собирање на критичните информации и докази.

Министерот Тошковски на крај пред форумот изрази желба Македонија како земја пријател на форумот да биде домаќин на таков еден иден настан со што уште еднаш ќе ја потенцираме посветеноста на заедничката соработка и иднина на Западен Балкан како дел од Европа која е побезбедна, посилна и пообединета.

Министерот Тошковски во рамките на форумот оствари и билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ. Фокусот на средбата беа начините на справување со илегална миграција и активностите поврзани со борбата против организираниот и транснационален криминал. Се разговараше за реорганизација на границата и поставеноста на полицијата со цел поуспешно обезбедување на истата. Министрите изразија загриженост за настаните на Блискиот исток и можноста за создавање на нова мигрантска криза и заедничкиот заклучок беше дека е потребно уште сега да почнат да се вршат подготовки во однос на материјални, технички и човечки ресурси со цел успешно справување со таков нов евентуален мигрантски бран.

Министрите ја разгледаа и соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и Полициската академија на Хрватска, можностите за размена на искуства, наставни програми за средното полициско училиште кое ќе биде најблиску до хрватскиот модел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pistol-vperen

Татко и чичко со пиштол и пушка пукале кон објектот на синот поради деловни недоразбирања

Скопје | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Во тек потрага по исчезнат 66-годишен битолчанец

Македонија | пред 15 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Уапсен маж осомничен за напад врз сопругата

Македонија | пред 15 часа

njemac-traktor1

Возел трактор со 1,77 промили алкохол и предизвикал сообраќајка кај Битола

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања