Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Самостоен концерт на „SHORTPARIS“ во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Shortparis_IG

на 22 март 2022 година, во МКЦ, со почеток од 21 часот ќе се одржи целовечерен самостоен концерт на најдобриот руски чин во живо - „SHORTPARIS“!

— реклама —

По феноменалниот настап на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ минатата година, руските ексцентрици доаѓаат повторно во Скопје. Предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин, „Shortparis“ доаѓаат од Русија и се на добар пат да добијат меѓународно признание. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, „Shortparis“ се приближуваат се поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е.

— реклама —

Овој пат, со целовечерен настап во МКЦ го промовираат новиот албум „Yablonny Sad“, кој е најдобриот што го направиле досега.

— реклама —

Билетите по цена од 400 денари се пуштени во продажба. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

— реклама —

Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања