Промени тема
Контакт

Samsung Galaxy Fold 4 на Caviar со парчиња метеорит чини 10.000 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Samsung-Galaxy-Fold-4-Caviar

Компанијата Caviar, позната по своите луксузни модификации, ја нуди својата верзија на новиот смартфон Samsung Galaxy Fold 4.

Станува збор за модел наречен Heralds of Galaxy, кој се нуди во четири верзии со парчиња од метеорит, златни украси и кожа.

„Најевтината“ верзија чини 9.470 долари, додека оние кои ќе ја изберат верзијата со метеорит ќе треба да издвојат 530 долари повеќе, односно точно 10.000 долари.

— реклама —

Ѕвезда на понудата е Golden Meteor, кој го претставува Galaxy Z Fold 4 со редизајниран заден панел. Овој панел содржи честички од три метеороиди: Seymchan, Muonionalusta и Canyon Diablo. Секој фрагмент е уникатен, така што секоја копија од уредот има уникатен дизајн.

— реклама —

Caviar ќе продаде само 29 единици од овој дизајн, а уредот ќе го има и логото на Caviar во 24-каратно злато. Цената на верзијата со 256 GB внатрешна меморија ќе биде 11.030 долари, односно 11.460 долари за верзијата со 512 GB внатрешна меморија.

Има и поевтина верзија на Canyon Diablo со титаниум, за која треба да потрошите 10.680 или 11.110 долари во зависност од меморијата.

— реклама —

Очекувано, сите модели се напојувани од процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 и имаат камера од 50 MP.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

(Фото) Досега невидено: Телефон што ја менува тастатурата според вашите потреби

Магазин | пред 3 седмици

apple-5

Apple подготвува специјален iPhone за 20-годишнината? Се тестира најголемиот екран досега

Технологија | пред 3 седмици

iphone-14-iphone-14plus

Не е само батеријата: Еве што го скратува животниот век на iPhone

Магазин | пред 4 седмици

media-library7c1ot38qv5ca7VF1BR3

Продажбата на смартфони е на најниско ниво во последните 13 години, а евтините модели исчезнуваат од пазарот

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања