Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Самсунг пред најголем штрајк во историјата: Работниците бараат повисоки бонуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
Samsung-booth-1

Глобалниот технолошки гигант, јужнокорејската компанија Самсунг Електроникс се соочува со можен најголем штрајк во својата историја, додека преговорите меѓу управата и синдикатот влегуваат во критична фаза.

Десетици илјади вработени се закануваат со прекин на работата поради спор околу бонусите, платите и распределбата на профитот во момент кога компанијата остварува огромни приходи благодарение на глобалниот раст на пазарот на вештачка интелигенција, како и на мемориските чипови, a Самсунг е еден од најголемите производители во светот.

— реклама —

Најголемиот синдикат во компанијата, Националниот синдикат на Самсунг Електроникс, најавил можност за 18-дневен штрајк кој би можел да започне на 21 мај доколку преговорите со управата не донесат договор.

Синдикатот тврди дека работниците не се соодветно наградени, и покрај рекордните приходи на компанијата остварени преку продажба на мемориски и други чипови.
Посебно незадоволство постои меѓу вработените во одредени сектори за чипови, каде бонусите се пониски отколку во попрофитабилните оддели на компанијата.

— реклама —

Оваа криза доаѓа во момент кога Самсунг има клучна улога во глобалното производство на мемориски чипови и целокупната HBM технологија која се користи во AI сервери и напредни системи за обработка на податоци.

Аналитичарите предупредуваат дека посериозен прекин на производството може да предизвика нарушувања во меѓународните синџири на снабдување за дата центри, компјутери и мобилни уреди ширум светот.

Во целата приказна, очекувано, се вклучила и политиката, а претседателот Ли Џе-Мјунг директно се вклучил во спорот и ги повикал двете страни на компромис. Тој изјавил дека правата на работниците мора да бидат почитувани, но и дека стабилноста на индустријата останува прашање од национален интерес за Јужна Кореја.

— реклама —

Владата во Сеул ја разгледува и можноста за државна арбитража која би можела привремено да го одложи штрајкот доколку преговорите пропаднат.
Според проценките на економските аналитичари, Самсунг учествува со значителен удел, речиси 20 проценти, во извозот и технолошкото производство на Јужна Кореја, поради што продолжен застој во производството би можел да има сериозни последици врз националната економија.

Некои проценки говорат за можни загуби вредни повеќе милијарди долари дневно доколку дојде до прекин на производството на мемориски чипови во подолг период.
Дополнителен притисок врз Самсунг доаѓа и поради конкуренцијата.

— реклама —

Друга голема јужнокорејска компанија во овој сектор, SK Hynix, веќе ги зголемила бонусите за вработените и го прилагодила системот на наградување, што дополнително ги засилило барањата на синдикатот во рамки на Самсунг.

Ситуацијата претставува голем пресврт за компанијата која со децении беше позната по силниот отпор кон синдикалното организирање, додека во последните години бројот на членови на синдикатот рапидно расте под притисок на промените на пазарот на трудот и растечката профитабилност на глобалната индустрија на вештачка интелигенција, паметни телефони и електронски компоненти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU

Самсунг држи речиси 70 проценти од светскиот пазар на телефони на преклопување

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0hvetc5r8c0v9aUHVzK

Galaxy Z Fold8 го надминува iPhone Duo во мултитаскинг со три активни прозорци

Технологија | пред 1 седмица

media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU

Samsung се откажа од огромната батерија за новиот Ultra: Причината може да ги разочара корисниците

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryhsctikamjanbcwUTDfG

Протекоа спецификациите на новиот Samsung Galaxy A27:

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања