Отстранет е дефектот кој ги остави жителите на Скопје без вода. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје се затвори цефка од ф1400мм, а до полноќ водоснабдувањето ќе биде нормализирано.
Имено, екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. “Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување.