Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Саниран деликатен дефект поради кој дел од Скопје беше без водоснабдување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sanacija-Vodovod-taftalige-1

Во текот на вчерашниот ден теренските екипи на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје се соочија со дефект на ул. Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со ул. Анкарска. Поради дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од улица Борка Талевски, а со намален притисок на водоснабдување беа дел од жителите на населба Козле.

— реклама —
— реклама —

Дефектот бил деликатен, бидејќи цевката била длабоко под асфалтот и од истата било откинато големо парче на пластика, што укажува на тоа дека со оглед на големината на дефектот, истиот е саниран и завршен за многу кусо време, а жителите од околните улици уште во текот на вчерашниот ден биле приклучени и имаат непречено водоснабдување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања