Промени тема
Контакт

Санирана критичната косина на А4: Поставени мрежи и систем за одведување на водата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryfei6eij1q6bccMMtCCA

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши санацијата на косината на автопатот А4, на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип, во близина на наплатната станица „Преод“.

— реклама —

Од ЈПДП информираат дека интервенцијата била изведена за стабилизирање на косината, спречување понатамошна ерозија и намалување на ризикот од свлекување материјал кон автопатот.

Во рамки на работите е изграден ободен одводен канал зад косината за контролирано собирање и одведување на површинските води.

— реклама —

Ерозивните делови биле расчистени и репрофилирани, а поставена е и композитна мрежа за површинска стабилизација и заштита од ерозија.

— реклама —

На местата каде што биле утврдени нестабилност и локални свлекувања е отстранет нестабилниот материјал, по што косината била повторно оформена и стабилизирана. Извршена е и исполна со кршен камен и поставена заштитна жичана мрежа.

Од претпријатието велат дека со санацијата се подобрува безбедноста на оваа делница од А4 и се намалува ризикот за возилата поради евентуални одрони и свлечишта.

— реклама —

ЈПДП најавува дека се подготвуваат активности за санација и на други свлечишта и одрони на државната патна мрежа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-07-26-at-10.14.19

(Видео) Колона од возила поминала патарина без плаќање – снимка ја разбранува јавноста, ЈПДП најавува дисциплински мерки

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Screenshot-2024-12-04-at-09.40.54

Бехтел ЕНКА им помогна на ЈПДП и ЦУК во расчистувањето на снегот на патот кон Стража, Маврово, Бунец и Леуново

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања