Сања Вучиќ направи драма на аеродром: Мислеа дека сум терорист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
sana

Сања Вучиќ вели дека најголемиот срам и се случил на аеродромот во Будимпешта, кога со куферот направила целосна конфузија.

— реклама —

Седнала во кафуле, бидејќи на аеродромот стигнала многу порано. Наместо да го земе куферот со себе, таа го оставила.

— реклама —

Тогаш започна драмата.

— реклама —

„Бев на аеродромот во Будимпешта, пристигнав малку порано и отидов да јадам нешто. Наеднаш ми пријде жена која работеше на каса, ќе ми вика „Брзо, брзо, излегуваме, затвораме, брзо“. Се вртам, гледам полиција и сфаќам дека немам куфер! Го оставив куферот среде кафуле, дојдоа полицајци со кучиња, и проверуваа дали има бомба. Го земам куферот, сите почнуваат да трчаат кон мене, да викаат, на унгарски, ништо не ги разбирав!“, рече Вучиќ.

Таа истакнува дека ова е најголемиот срам во нејзиниот живот.

„Најлошо од се е што ми пријде жена и ми вели „Сања, знам унгарски, сакаш ли да ти преведам?“, само помислив дали е реално што и овде се посрамотив! Значи, тоа ми е најголемиот срам, што го узурпирав цел аеродром, го испразнив кафулето со 500 луѓе поради куферот! Мислеа дека станува збор за терористички напад, и настана хаос во таа ситуација - изјави пејачката за 24seven.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања