„Шанса за Центар“: Се планираат предизборни вработувања, сметаме дека тоа е поткуп на гласачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
236118524_10221755166321387_6393479008750186611_n

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ чиј носител е актуелната советничка во општината Центар Јана Белчева се противи на усвојување на предлог одлуките кои се ставени на дневен ред на седницата на Советот на општина Центар за четврток на 16 септември.

— реклама —

„На дневен ред се ставени точки со кои се планира службените лаптопи кои советниците со мандат од 2017 до 2021 ги добија на користење да им се предадат во приватна сопственост, да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлог за 26 предизборни вработувања.

Шанса за Центар потсетува дека улогата на советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на општината без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека “решава за начинот на располагање со сопственоста на општината“. Од тука граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ нагласува и ги потсетува дека советниците имаат клучна улога во носењето на политики кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да делуваат во корист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат“, известуваат од „Шанса за Центар“.

— реклама —

„Шанса за Центар предлага таблетите и лаптопите кои со оваа предлог одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да се донираат на училиштата во општината. Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на општината.

Шанса за Центар го поддржува развојот на спортот во општината, но е со став дека времето во спортските сали треба рамноправно да се распредели на сите спортови за кои децата имаат интерес и без ексклузивитет кон Работнички. Особено што Работнички салите ги добива без надомест, а родителите плаќаат полн надомест за децата да тренираат“, соопштува „Шанса за Центар“.

„Последно за што граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ сака да предупреди е предлог одлуката да се одвојат пари за нови 26 вработувања од општинскиот буџет за 2022 г. Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „ од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за претанок на работен однос во државни и јавни институции“.

На речиси еден месец до локалните избори сметаме дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението на „Шанса за Центар“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања