Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Сара Џесика Паркер заблеска на премиерата на „Сексот и градот“ во Њујорк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Sex-and-the-City-And-Just-Like-That

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ги отелотворија своите култни ликови од „Сексот и градот“ во сензационални тоалети на синоќешната премиерата на новото поглавје на популарната серија.

— реклама —

Сите погледи беа вперени во трите главни протагонистки на новата сезона „И едноставно така…“ – Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) додека пристигнуваа на премиерата во Њујорк во средата.

— реклама —

Сара (56) воодушеви во креација на Оскар дела Рента, што потсетува на Кери Бредшо, нијанса на сино-сива боја со бледорозово здолниште од тил што ѕирка одоздола. Синтија (55) на себе има смела, но сепак елегантна портокалова тоалета, а Кристин (56) зрачи со елеганција во темносин фустан.

— реклама —

Серијата ги открива Кери, Миранда и Шарлот како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност на животот и пријателството во нивните педесетти.

Пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година. Оригиналната серија, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, создаде два спиноф-филма.

/51526505-10290879-sensation_sarah_jessica_made_a_typically_striking_fashion_statem-m-51_1639020729036-547x800" rel="attachment wp-att-152066">nd

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања