Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шасивари: Холандија е силен партнер во градењето ефикасен и независен правосуден систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3hm59b39ehkhbLpB2HJ

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Узлем Џанел, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото.

— реклама —

На средбата беше истакнато дека Холандија останува значаен партнер во процесот на градење ефикасен, независен и транспарентен правосуден систем преку поддршка на повеќе проекти насочени кон унапредување на работата на правосудните институции.

— реклама —

„Правдата мора да биде видлива, ефикасна и еднакво достапна за сите. Реформите во правосудството не се само европска обврска, туку и наша одговорност кон граѓаните. Поддршката од Кралството Холандија претставува значаен поттик во овој процес“, изјави министерот Шасивари.

На средбата беше разговарано и за досегашната соработка во областа на владеењето на правото, јакнењето на отчетноста и транспарентноста на правосудните институции, поддршката на Академијата за судии и јавни обвинители, како и за реформите во пенитенцијарниот и пробацискиот систем.

— реклама —

Двете страни оценија дека соработката во областа на меѓународната правна помош се одвива на високо професионално ниво.

— реклама —

Од Министерството за правда посочија дека остануваат посветени на спроведувањето на суштински реформи, зајакнувањето на независноста и интегритетот на правосудниот систем и натамошното продлабочување на партнерството со земјите што го поддржуваат европскиот реформски процес на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1iuumfrc2fp15yNx556

Шасивари се сретна со министерката за правда на Косово во Будва

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања