Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Шасивари и Прескер разговараа за реформите во правосудството и зајакнувањето на соработката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
media-library4epsal268nbk64PPJHs

Реформите во правосудството, измените на законската регулатива и можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Словенија беа во фокусот на средбата на министерот за правда Јетон Шасивари со словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.

— реклама —

Шасивари го информирал амбасадорот за подготовките за претстојните јавни расправи за новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка. Притоа, била нагласена потребата од транспарентен и инклузивен процес, со учество на стручната јавност, правосудните институции, академската заедница и граѓанскиот сектор.

— реклама —
— реклама —

Соговорниците разговарале и за спроведувањето на Реформската агенда, особено за зајакнувањето на институционалните капацитети, зголемувањето на ефикасноста и независноста на правосудството и унапредувањето на владеењето на правото.

— реклама —

На средбата била истакната и важноста на размената на искуства и добри практики, при што посебно внимание било посветено на искуството на Словенија како членка на Европската Унија во усогласувањето со европските стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7b036hacgjr2fNGghZ5

Забрана на малолетничките бракови и заштита од дигитално насилство меѓу владините приоритети

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryebvkbiuiuga53UTYvWa

„Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните граници“, вели Шасивари

Македонија | пред 5 дена

media-libraryebvkbiuiuga53UTYvWa

„Ниту една жена не смее да живее во страв, ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив“: Шасивари за насилството врз жените

Македонија | пред 1 седмица

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања