Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Ниту една жена не смее да живее во страв, ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив“: Шасивари за насилството врз жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Македонија
media-libraryebvkbiuiuga53UTYvWa

Случаите на насилство врз девојки и жени, меѓу кои и бруталниот напад врз 26-годишната охриѓанка и трагичната смрт на 17-годишна девојка, повторно го отворија прашањето за институционалната заштита и одговорноста во справувањето со родово базираното насилство.

— реклама —

Министерот за правда Јетон Шасивари најостро го осуди секој облик на насилство врз жените, нагласувајќи дека нема оправдување за ваквите постапки, ниту простор за нивно релативизирање и обиди за влијание врз постапките.

— реклама —

Тој очекува полицијата, обвинителството и судовите да постапуваат професионално, навремено и неселективно, без притисоци и привилегии. Секое евентуално непостапување, пропуст или незаконско влијание, порача министерот, мора да биде соодветно проверено и да повлече одговорност.

Шасивари посочи дека со новиот Кривичен законик дополнително се зајакнува заштитата од семејно и родово базирано насилство. За потешките облици се предвидени затворски казни, а за одредени кривични дела гонењето ќе се презема по службена должност, без товарот на постапката да биде префрлен врз жртвата.

— реклама —

Сепак, според него, законските одредби мора доследно да се применуваат, секоја пријава да се сфати сериозно, а ризиците навреме да се препознаат за жртвите да ја добијат потребната заштита.

— реклама —

„Ниту една жена не смее да живее во страв. Ниту една девојка не смее да се прашува дали државата ќе ја заштити. Ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив“, порача Шасивари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kjeefmo9q8pcG2Yncs

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1iuumfrc2fp15yNx556

Шасивари се сретна со министерката за правда на Косово во Будва

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања