Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
saso-korunoski

Проф. д-р Сашо Коруновски, досегашниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, е реизбран за уште еден мандат на изборите што се одржаа денес на 12 универзитетски членки.

Според неофицијалните резултати од денешното гласање за нов ректор на битолскиот универзитет, повеќе гласови освоил Сашо Коруновски актуелниот ректор.

— реклама —

Негов противкандидат беше Тале Герамитчиоски.

— реклама —

Коруновски освоил 136 гласа, а 111 Герамитчиоски.

— реклама —

Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје. Коруновски беше професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.

Постапката за избор на ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола. 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања