Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков вечерва полицијата со лисици го изнела од скопскиот хотел „Мериот“ и го спровела во истражниот затвор во Шутка.
Сашо Мијалков е приведен по барање на Специјалното Јавно Обвинителство поради постоење на опасност од бегство и му е одреден 30 дневен притвор.
Од СЈО исто така потврдуваат дека Мијалков е приведен за предметот „Таргет-Тврдина.“
По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, уапсени беа Кирил Божиновски и Миле Јанакиески.