Покрај силните осуди и бурните реакции во јавноста, за доктор Ненад Цоневски пристигнуваат и пораки на поддршка од негови сограѓани, колеги и јавни личности, и од Македонија и од Бугарија. Група граѓани во писмо до медиумите истакнуваат дека Цоневски е млад и посветен лекар кој својата професија ја извршува со исклучителна хуманост и одговорност, а трагичниот инцидент со уличното куче во Софија го оценуваат како несреќен случај што може да му се случи на секој возач.
„Неправедно е ваков несреќен настан да се користи за јавна осуда и навреди кон човек кој целиот свој живот го посветил на помагање на другите,“ се наведува во писмото на групата „Поддршка за д-р Ненад Цоневски“. Тие потсетуваат дека докторот бил меѓу првите кои понудиле помош за време на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани – од транспорт на повредените и информирање на нивните семејства, до донации на крв и финансиски средства за лекување на повредените македонски деца во Бугарија.
„Иако имаше голем придонес, од скромност никогаш не бараше признание. Затоа апелираме до јавноста да се воздржи од навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму кога некој ненамерно ќе направи грешка,“ стои во писмото.
Поддршка за Цоневски изразија и неколку бугарски јавни личности кои, според нивните изјави, веруваат дека снимките од безбедносните камери ја прикажуваат вистинската, ненамерна природа на настанот. Според нив, Цоневски останува посветен, совесен и чесен млад човек кој не заслужува јавен линч, туку разбирање и фер постапка.
„Фактите се следниве:
1. Удирање со многу мала брзина
2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Мислам, збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?
3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето. Т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.
4. Откако беше ослободено – Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.
Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.
Но бидејќи Ѓаволот е во нашите глави, бараме изговор да ги демонизираме другите.
Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99 отсто од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче“ се вели во постот на Бугарин кој вели:
„Сатанизиравте нормален човек. Ќе му ја земете професијата. Човек студирал за лекар, оценуван од пациенти и колеги и вие – некои сложени измамници, ќе кажете што нема да функционира.