Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Саудиска Арабија тајно го нападнала Иран, изведени удари и во Ирак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library47q2bgt5n5esc4wBT3N
screenshot X

Саудиски борбени авиони бомбардирале цели на проирански шиитски милиции во Ирак, додека од територијата на Кувајт биле изведени ракетни напади, објави Reuters, повикувајќи се на повеќе независни извори.

Според извештајот, нападите биле дел од поширок воен одговор во Заливот по израелско-американските удари врз Иран на 28 февруари.

— реклама —

Изворите наведуваат дека саудиските воздушни сили погодиле позиции на милиции поврзани со Техеран во близина на северната граница на кралството со Ирак.

— реклама —

Цел на нападите биле локации од кои биле изведувани напади со дронови и ракети врз Саудиска Арабија и други заливски држави.

Во еден од нападите во јужен Ирак, наводно бил уништен центар за комуникација и управување со дронови што го користела проиранската милиција Катаиб Хезболах.

— реклама —

Ројтерс наведува дека не е јасно дали ракетите од Кувајт биле истрелани од кувајтските сили или од американската војска, која има значително присуство во земјата.

— реклама —

Во меѓувреме, Саудиска Арабија соопшти дека се залага за деескалација и стабилност во регионот, но не ги коментираше директно нападите.

Според извештајот, за време на конфликтот биле изведени и директни саудиски удари врз иранска територија, а слични акции презеле и Обединетите Арапски Емирати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 5 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 7 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања