Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Сахарска прашина се движи кон Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-library7cu7671uq944fC3vkXf
screenshot

Сахарскиот бран на прашина што деновиве ја зафати Грција се проширува и кон Македонија, каде што од денес веќе е регистрирано зголемено присуство на прашина и песок во атмосферата.

Метеоролозите од Грција и Македонија најавуваат дека оваа појава ќе трае најмалку до петок, 17 април, при што во одредени делови од Грција и јужните региони на Македонија се очекуваат и повремени калливи врнежи. Истовремено се предупредува дека и во северните делови од земјата атмосферата ќе остане заматена поради јужните воздушни струења што носат честички од Сахара.

— реклама —

Според прогнозите, освен променливото и нестабилно време, граѓаните може да почувствуваат потежок и посув воздух, намалена видливост, како и наслаги од прашина на автомобилите и прозорците по врнежите.

— реклама —

Најзагрозени од ваквите услови се хронично болните лица, лицата со астма, постарите граѓани и малите деца, кај кои зголемената концентрација на честички во воздухот може да предизвика или да ги влоши респираторните тегоби. Се препорачува да се избегнува подолг престој на отворено, особено во попладневните часови и при засилен ветер.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryagrg0kfi9hjjfbK06Xg

Сахарска прашина го покри Кипар, здравствените власти повикуваат на претпазливост

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања