„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДК: По 11-годишна правна битка, лице од Скопје ја доби тужбата против државата, успеа да го смени родот од женско во машко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sudija

По 11-годишна правна битка пред домашните институции, лицето Икс кое во јануари во Стразбур ја доби тужбата против државата, успеа да го смени родот од женско во машко. Деновиве, Управата за водење матични книги дала одобение за промена на полот, односно родот на Икс од ознаката „ж“ во „м“ и тоа сега има нов матичен број, како машко лице, објави СДК.МК.

— реклама —

Станува збор за трансродово лице, родено во Скопје во 1987 година како девојче. Тоа е родено со машки организам, но со погрешен пол. Целосно е маргинализирано, 33 години живее во пекол, нема никакво човеково право. Нема соодветен род во матичниот број како што се чувствува, нема соодветна здравствена заштита, нема хормонска терапија, никој не го вработува, не му издаваат стан зашто во неговиот изглед луѓето гледаат манипулатор кој нема да ја плати киријата, проблеми има во банка, зашто им личи на измамник…

„Без работа и практично со ништо остварено во животот Икс неодамна се врати кај родителите. Убавата вест ја дознавме пред неколку дена, среќен е за новиот почеток, среќни сме и ние“, вели Наташа Бошкова, адвокатката од Коалицијата Маргини која го застапуваше и која го доби спорот пред Стразбур, и која Владата ја именуваше за член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

— реклама —

Информацијата ја потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК и од кабинетот на Бујар Дарлишта, директор на Управата за водење матични книги на Република Северна Македонија.

Текстот во целост на: СДК.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања