„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДК.МК: Почина 19- годишното момче што државата го остави без извод и здравствена книшка – нема да добие ни посмртница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
toni-sali-23989832832

Матурантот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина завчера на 19 години. Не дочека да биде запишан некаде во оваа држава дека постои, дека е жив. За првпат неговите осум букви се појавија вчера, во службената евиденција на МВР, но како починато лице, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

— реклама —

Тони нема да добие ни посмртница. Како да не постоел. Единствен документ и доказ дека постоел, ќе останат неговите петки од прва до последна, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата. Школите ги отворија вратите за него надвор од законот, врз основа на Конвенцијата за права на детето.

Сали починал дома крај тешко болниот татко, покрај мајка си, братот и сестрата. Причините за прераната смрт на ова момче не се знаат, затоа што ова момче немајќи извод, никогаш немаше ни здравствена книшка, а ни лична карта. Пари за приватни лекарски прегледи, ова социјално загрозено семејство, немаше.

— реклама —

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања