„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДК.МК: Пратениците зеле 193.000 евра за патни трошоци за 9 месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-1

За најмрзливите три месеци откако е овој пратенички состав, за февруари, март и особено за април кога дел од нив доаѓаа само да ја чукнат картичката и да се изгубат од Собранието, исплатени се патни трошоци во износ 73 илјади евра, објави СДК.МК.

— реклама —

Вкупно, од конституирањето на Собранието во август лани, овој најнеефикасен пратенички состав, ја чини државата речиси 200 илјади евра заклучно со април. Си тече исплатата и за мај, иако седници има многу ретко, а ни комисиите не се искршија од работа.

Рекордерот во наплатени патни трошоци го држи пратеникот Дајанчо Ефтимов (ВМРО-ДПМНЕ) од Василево. За 8 месеци од собраниската каса наплатил 7.620 евра. За февруари, март и април, за кога САКАМДАКАЖАМ.МК ги доби најновите податоци од сметководството на Собранието, Ефтимов зел 2.750 евра за патни трошоци.

— реклама —

На второто место е пратеникот Петар Ристески (ВМРО-ДПМНЕ) од Прилеп во април зел патни трошоци многу поголеми од неговата пратеничка плата од околу илјада евра. Ристески само за април зел чисти 86.836 денари патни трошоци, плус плата, а вкупно за февруари, март и април, 3.186 евра. За 9 месеци откако е пратеник, подигнал 7.278 евра од Собранието.

Речиси иста сума за нецела година од овој мандат, зел и пратеникот Сурија Рашиди (Алијанса за Албанците) од Радолишта. Досега наплатил 7.174 евра само за патни трошоци. За непродуктивните февруари, март и април Рашиди зел 2.397 евра.

Деновите кога требаше да се донесе пакетот мерки за помош на граѓаните и на стопанството во април, Собранието го достигна дното. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му правеа влези-излези на Џафери, додека тој ги повикуваше да влезат во салата, да не стојат пред врата или да се приберат Градскиот трговски центар, кога веќе се потпишале во сметководството за патни трошоци. На крајот, дојдоа двајца заразени пратеници од коронавирус од СДСМ во скафандри и се изгласа помошта.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања